„Мадам Батерфлај“ во сабота на сцената на МОБ

13.11.2014 19:27

Во претставата, улогата на Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај), ќе ја толкува првенката Весна Ѓиновска-Илкова...

Во сабота со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена најновата продукција на оперската претстава „Мадам Батерфлај“ на Џакомо Пучини.
 
Во претставата, улогата на Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај), ќе ја толкува првенката Весна Ѓиновска-Илкова, а во останатите улоги ќе настапат: Зоран Сотиров, Марјан Јованоски,  Марика Поповиќ, Дејан Стоев,  Невен Силјановски, Игор Гиновски, Николина Јаневска и др.
 
Диригент e Бисера Чaдловска.
 
„Мадам Батерфлај“ доаѓа на репертоарот на МОБ по пауза од неколку години, соопштуваат од МОБ.