Израел ослободи палестински затвореници
26 палестински затвореници се префрлени во израелска воена база, од кадешто треба да бидат ослободени. Ова се толкува како уште еден гест на добра волја на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пресрет на новиот круг посреднички напори на државниот секретар на САД, Џон Кери. На затворениците ќе им биде извршен медицински преглед и ќе се сретнат со претставници на Црвениот крст, пред да бидат пуштени на палестинска територија преку израелски воен контролен пункт утре наутро. Списокот на ослободени, во кој има 23 лица осудени за убиство, е одобрен од израелски министри.

Грчката полиција соопшти дека рано изутрината било пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина. Во инцидентот нема повредени. Најмалку четири куршуми завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, која се наоѓа зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина. Според полициски извори, имало двајца напаѓачи. По инцидентот Грчкиот премиер Анднис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд. Антигерманската реторика е широко распространета меѓу грчките опозициски политичари и групи, кои се противат на спасувачките договори за земјата, заради строгите мерки за штедење, кои тие ги наметнуваат.
Во Ел Салвадор во област во источниот дел на земјата се евакуирани илјадници лица, поради ерупција на вулканот Чапарастика, а две лица се хоспитализирани поради респираторни проблеми. Засега нема извештаи за сериозно повредени во ерупцијата. Вулканот Чапарастика, во источниот дел на Ел Салвадор вчера се активираше и дојде до ерупција, а над вулканот се издигна висок столб од чад и видливи се облаци од пепел. Вулканот се наоѓа во источниот регион околу градот Сан Мигел, еден од најголемите во Ел Салвадор, соопштија властите. Овој регион инаку е познат по производство на кафе.
Кинеските власти соопштија дека полицијата убила осум лица за време на, како што се наведува, терористички напад во бунтовничкиот западен регион Синџијанг. Во текот на акцијата бил заробен еден од напаѓачите коишто биле вооружени со ножеви и со експлозивни материјали. Нема извештаи за жртви меѓу цивилите и полицијата. Ова е втор ваков инцидент во тој регион во изминатиов месец,