Груевски: Поддршка на растот на економијата преку капитални проекти и странски директни инвестиции
Висок економски раст и подобар стандард. Приватниот сектор да биде главен двигател на економијата - ова е главната порака на Владата за подобра деловна клима. Европската бизнис асоцијација на едно место ги собра водечките бизнисмени, банкарите и креаторите на економските политики...

Присуството на европските компании го подобрува квалитетот на работењето, се воведуваат нови технологии и знаења и поефикасно корпоративно управување, вели премиерот Груевски. Македонија одржува макроекономска стабилност со ниска стапка на инфлација. Водечки компании од областа на телекомуникациите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, металната индустрија на бизнисот на Европската бизнис асоцијација со пораки за предизвиците од економската криза се соочуваат земите од ЕУ вклучувајки ја и Македонија.
„Значителен придонес кон остварувањето на позитивен раст имаа и политиката на Владата за поддршка на економијата преку реализација на капитални - инфраструктурни проекти и привлекување на странски директни инвестиции. Најновите податоци укажуваат на интензивирање на економскиот раст, при што во првата половина на 2014 година Македонија забележа раст од 3,9 отсто, што е втор највисок раст во Европа после Велика Британија“, рече во својот говор премиерот Никола Груевски.
Македонија треба да ја продлабочи соработката помеѓу македонските и европските компании, да се даде поддршка на извозно ориентираните компании и да се привлекуват нови странски инвестиции.
„Европската бизнис асоцијација дирекно или преку своите членки е еден од најголемите промотори за привлекување на инвеститори од ЕУ, преку презентирање на сопсатвените искуства и извозот на производи и услуги од Македонија“,изјави првиот човек на Европската бизнис асоцијација, Глигор Бишев.
Според вицепремиерот Ставрески очекувањата во наредниот период се поголема улога на приватниот сектор и повисока стапка на раст на инвестициите.
„Но рамнотежата меѓу инфраструктурата, фискалниот стимул и учеството на приватниот сектор треба постепено да се префрла на поголема улога на приватниот сектор, а помала на јавниот. Тоа е нормално, улогата на јавниот сектор беше многу важна особено во кризен период поради намалената побарувачка од надвор“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
74% од извозот и увозот се реализира на пазарите на ЕУ а речиси 80 проценти од странските инвестиции од европските земји.
Дијана Ценевска
