На Фејсбук страната „Здрава бременост“ совети и за постпородилниот период
14.11.2014 09:19
Од наредната недела на Фејсбук страната Здрава бременост на поставените прашања во врска со постпородилниот период ќе одговараат доктори од Заводот за мајки и деца, при Здравствен дом Скопје...

Со цел поголема достапност на стручни совети и информации за негата на новороденчето, како и сите важни аспекти на постпородилниот период, а со тоа и олеснување на родителската улога, на Фејсбук страната „Здрава бременост“, креирана од Министерството за здравство, е достапна брошура „Информации и совети за новите родители“.
Брошурата е изготвена од Заводот за мајки и деца, а печатена од Институтот за јавно здравје во рамки на активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, соопшти денеска Министерството за здравство на чија веб страница е достапна брошурата преку на следниот линк.
Брошурата содржи стручни совети и информации за повеќе аспекти на постпородилниот период, меѓу кои: нега на новороденче, совети за правилно доење, придобивки од доење, симптоми кај новороденче за кои се препорачува да се побара медицинска помош, како и општи препораки за родители и родителска грижа.
Од наредната недела на Фејсбук страната Здрава бременост на поставените прашања во врска со постпородилниот период ќе одговараат доктори од Заводот за мајки и деца, при Здравствен дом Скопје. За терминот во кој докторите ќе одговараат на прашања поврзани со постпородилниот период, заинтересираните ќе бидат навремено информирани на Фејсбук страната, се вели во соопштението.
