Пари од ИПАРД и за услужни дејности во селата

14.11.2014 10:25

Освен за земјоделството, ИПАРД фондот може да се користи и за услужни дејности во селата. Сѐ што му е потребно на населението, а не е поврзано со земјоделството се ко-финансира со еврпските пари...

За сервиси за поправка на машини, за  превоз, трговија со мотоцикли, услуги на доставување на храна и пијалоци за посебни прилики и дневна социјална заштита на деца, се само дел од услужните дејности за кои може да се побараат пари од европскиот фонд.

Речиси сѐ што му е потребно на лицето кое што живее на село, а што не е поврзано со земјоделската дејност се ко-финансира од ИПАРД.

Освен занаетчиите, за овие инвестиции можат да конкурираат и задругите и микро и малите претпријатија.

Висина на прифатливите трошоци е од 3.000 до 450.000 евра.

 

Метидија Трајков