Уште двајца мигранти загинаа во железничка несреќа

14.11.2014 11:09

Товарен воз кај Велес прегазил двајца браќа од Сирија на возраст од 22 и 23 години...

Уште двајца мигранти загинаа синоќа по полноќ во железничка несреќа што се случила на пругата Гевгелија - Табановце, информираат од МВР.

Товарен воз кај Велес прегазил двајца браќа од Сирија на возраст од 22 и 23 години.

Несреќата ја пријавил машиновозачот. Мигрантите нелегално ја преминуваат границата со Грција и се ориентираат по пругата за да го најдат патот кон европските земји.

Минатата недела животот го загуби Авганистанец и неговото бебе кое било старо само 45 дена.