Мали воведува построги мерки против еболата
14.11.2014 11:13
Во Либерија пак кадешто починаа над три илјади луѓе, вчера беше укината вонредната состојба воведена во август...

Западноафриканската земја Мали воведува поостри мерки со цел запирање на ширењето на смртоносната ебола. Во изминативе неколку дена забележани се нови случаии на заразени со вирусот.
Во Либерија пак кадешто починаа над три илјади луѓе, вчера беше укината вонредната состојба воведена во август.
„По консултациите со националниот здравствен тим и партнерите го информиравме националното законодавство дека нема да продолжиме со вонредната мерка“, вели Елен Џонсон Сирлиф, претседател на Либерија.
До сега во светот од заразата починаа 5.150 лица.
