Камерон ја предупреди Москва: Можни се дополнителни санкции

14.11.2014 11:23

Aкцииte во источна Украина се неприфатливи и би можеле да резултираат со дополнителни санкции од ЕУ и САД, смета Камерон...

Британскиот премиер ја предупреди Русија дека нејзините акции во источна Украина се неприфатливи и би можеле да резултираат со дополнителни санкции од ЕУ и САД.

„Ако Русија преземе позитивни чекори во врска со Укарина, тогаш би можеле сегашните санкции да ги укинеме. Доколку работите станат уште полоши, тогаш санкциите ќе се зголемат. Едноставно е“, изјави денес премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во Австралија.

На самитот во Австралија ќе присуствува и американскиот претседател Обама, но нема да оствари средба со неговиот руски колега, кој како што пишуваат медиумите, во Бризбејн пристигнал со тешко наоружување. Четири воени брода со се наоѓаат на северната обала на Австралија.

Премиерот Тони Аботс мета дека Москва покажува моќ во екот на напнати односи меѓу двете земји по соборувањето на авионот во Украина.