Денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот
Медицинските екипи од Здравствен дом Скопје на пуктот на плоштадот Македонија на граѓаните им мереа шеќер во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина и им даваа совети за здрава исхрана...

Под мотото „Здрава исхрана и дијабетесот“ денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот Тип 2 и негово ефикасно контролирање за да се избегнат компликациите.
Медицинските екипи од Здравствен дом Скопје на пуктот на плоштадот Македонија на граѓаните им мереа шеќер во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина и им даваа совети за здрава исхрана.
Во Македонија има приближно 200 илјади лица со дијабетес Тип 1 и Тип 2. Од нив околу 43 илјади примаат инсулин. На детската клиника на годишно ниво се регистрираат приближно 30 деца со дијабетес Тип 1.
