Велес добива нов сообраќаен режим

14.11.2014 12:06

7.000.000 денари- толку потроши општина Велес за изградба на кружниот тек по кој од источната страна ќе се влегува и излегува од градот. Со овој зафат започна модернизацијата на сообраќајот во градот. Целта е зголемување на безбедноста. Планирана е градба на уште еден кружен тек, на западниот влез и еден во градот...

Модерен, безбеден и побрз е влезот во Велес од истичната страна. Новиот кружен тек го реши децениски сообраќајниот проблем на местото кое според полицијата беше најфеквентно и недоволно безбедно.

„Скоро сите шофери ги почитуваат сообраќајните правила овде, верувам ќе биде намален многу бројот на сообраќајни незгоди“, вели Раде Стефановски, командир во ПСБ на ПС.

Ова сообраќајно решение го поедностави движењето на лесните и тешките моторни  возила.

„Во секој случај е зголемена безбедноста, но сепак има некој точки кои трба да се одземат“.

„Штом идеме по кружен тек се знае дека подобро е и позгодно“.

„Мислам дека е побезбедно што е направен кружниот тек, но јас бидејки сум шофер мислам дека немаше потреба да биде толку голем“, велат анкетираните возачи.

Големината на кружниот тек е според  европските сообраќајни правила и тој преставува почеток на реализација на новиот сообраќаен режим кој треба да го добие Велес. Ќе се градат уште два кружни тека, од кој еден кај Башино Село.

„Со неговата изградба ќе се овозможи патниците побезведно да влегуваат во градот истовремено  да може да се приклучат сите патници намерници кон езерото Младост“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Скоро деценија ипол велешани ги чуствуваат благодетите од одвивањето на сообраќај по кружен тек во централното градско подрчје.

Раскрсницата позната како Авона е местото на кое што наредната година ќе започне изградбата на нов кружен тек. Со изградбата ќе се зголеми безбедноста и на оваа најфрекфентна локација.

 

Дијана Иванова