Битолскиот Народен театар одбележува 70 години постоење
Најстарата театарска куќа во земјава има одиграно 12.069 претстави кои ги следеле над пет милиони посетители...

На денешен пред 70 години од сцената на Битолскиот Народен театар за прв пат прозвуче театарскиот глас на македонски јазик преку преставата „Ѓоре Магаревски“ во режија на Димче Стефановски.
Од тогаш па до денес најстарата театарска куќа во земјава има одиграно 12.069 претстави кои ги следеле над пет милиони посетители. Големиот јубилеј вечерве ќе биде одбележан со промоцоија на фото- монографијата која на 250 страни преку различни документи го опишува растежот на театарот и говори за сите оние што оставиле нераскинливи траги во овој дел од битолскиот културен живот.
Монографијата ќе ја промовира министерката за култура Елизабета Канчевска- Милевска по што на сцената ке биде одиграна најновата претстава „Нови Хоризонти“ во која ќе учствуваат сите вработени на оваа реномирана театрска куќа која на домашните, но и меѓународните сцени, освојувала многу престижни награди .
Стевче Митревски
