„Баланс МК“: Иглите за бебињата со дијабетес да се стават на позитивната листа

14.11.2014 12:44

Посочуваат дека апаратите што го мерат шеќерот во крвта 24 часа, во западните земји се на позитивната листа...

Родителите посочуваат дека еден дијабетичар троши во просек колу 20 евра месечно. Игли од 6 мм кои ги користат и возрасните не се соодветни за бебиња, сметаат од Асоцијацијата за детски дијабетес- Баланс МК, бидејќи кожата и поткожното ткиво кај децата се различни.

Посочуваат дека апаратите што го мерат шеќерот во крвта 24 часа, во западните земји се на позитивната листа.

Во Македонија има помеѓу 150 до 200 илјади дијабетичари, а над 40 илјади примаат инсулин. На Клиниката за детски болести годишно се регистрираат триесетина деца со дијабетес тип1(инсулин зависен), а оваа година досега овој тип дијабетес е дијагностициран кај 33 деца.

Соња Стојановска