Доделени првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за социјално- ранливите категории
Околу илјадa лица од ранливите категории поднесле барања за изработка на бесплатен елаборат...

Доделени првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби. Елаборатите ги изработи катастарот за социјално-необезбедените лица и примателите на постојана парична помош.
„Од денес започнуваме со дистрибуција на сите изготвени елаборати. Катастарот по службена должност ќе ги достави до општините. На 400 семејства ќе им овозможиме целосна бесплатна легализација на објектите. Во моментов се доставени нешто над 1.100 барања, а изготвени се 400 елаборати“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Околу илјадa лица од ранливите категории поднесле барања за изработка на бесплатен елаборат.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов нагласи дека сите приматели на социјална и постојана парична помош кои сакаат бесплатно да го легализираат објектот во којшто живеат, да достават барање до Агенцијата за катастар на недвижности.
Процесот на легализација на дивоградбите завршува на крајот од идната година.
