Сеуште трае потрагата по младиот тигар во околината на Париз

14.11.2014 14:07

Изутринава се забележани траги од тигар во близина на автопат...

Двесте припадници на полицијата и пожарникари се уште трагаат по младиот тигар кој шета слободно по парискиот регион.

Изутринава се забележани траги од тигар во близина на автопат. Безбедносни мерки се презедени околу училиштата во случај на ненадејна средба со тигарот.

Се претпроставува дека станува збор за „домашно милениче“, кое му побегнало на сопственикот, кој не се осудува да го побара бидејќи држењето на овие видови животни како домашни миленици е забрането.