НБРМ: Годинава 3,7%, во 2015-та 4,1% раст на БДП
14.11.2014 14:16
Надолна е корекцијата за предвидениот раст за 2015 година, поради понеповолното недворешно окружување...

Според најновите проекции на Народната банка на Република Македонија, растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 3,7 проценти, за наредната 4,1 %, а во 2016 година 4,5 %.
Нема промени во однос на проекциите за оваа и за 2016-та година, единствено надолна е корекцијата за предвидениот раст за 2015 година. Претходната проекција на НБРМ за растот за 2015-та беше 4,4 %.
Променетата оцека за динамиката на растот на домашната економија е со мали приспособување на понеповолното надворешно окружување, беше посочено на прес-конференцијата.
