Македонија и Косово зеднички до пари од ЕУ за инфраструктурни проекти

14.11.2014 14:04

За да се забрза економската соработка, фокусот ќе биде на инфраструктурата, патната, железничката и енергетската...

Македонија и Косово заеднички ќе аплицираат за реализирање проекти со помош на средства од европските фондови.

За да се забрза економската соработка, фокусот ќе биде на инфраструктурата, патната, железничката и енергетската.

Министрите за економија Незири и Исмаили ветија надминување на нетарифните бариери, кои според двете бизнис заедници се пречка за подинамична трговска соработка меѓу Македонија и Косово.

Реализацијата на овие инфраструктурни проекти ќе помогне многу за развој на економиите на двете земји, но и за економиите на регионот.