Уапсен докторот што ги стерилизираше индијските жени
Индијската полиција вчера го уапси докторот Р.К Гупта кој во саботата стерилизирал 83 жени по што умреле 13 од нив,а другите со компликации се хоспитализирани...

Гупта правел подврзување и пресечување на јајцеводите во склоп на програмата за планирање семејство во организација на индијските власти со цел да се намали растот на популацијата во Индија којашто има над милијарда и 200 милиони жители. Операциите се направени во инпровизиран камп во едно село во државата Чатисгар, со нестерилизирани инструменти кои се користеле за десетици пациентки и третирани со лажни ефтини лекови кои се дури отровни и опасни.Бизнисот со вакви лековицвета, а заработката била поголема отколку од дрога и од оружје.Жителите протестирале на улица барајки санкции за лекарот и медицинскиот персонал.
Стерилизација на жените редовно се организира во разни индиски држави, а само лани е извршена на 4 милиони луѓе од кои повеќето жени. Вазектомијата, односно подврзување на семеводот кај мажите се прави поретко, иако е поедноставен зафат од стерилизацијата кај жените. За ваквите зафати семејствата добивале мал паричен надомест или апарати за домаќинство.
Според ООН 37 % од стерилизацијата на луѓето во светски размери се врши во Индија. Според статистичките податоци последната деценија има 17,6% природен прираст на населението во Индија, што говори дека програмата не ги дала очекуваните резултати. Експертите сметаат дека овој проблем во Индија може да се реши со културолошки пресврт.
Соња Стојановска
