Самитот на Г-20 во сенка на кризата во Украина

14.11.2014 15:08

Рускиот Претседател Путин изјави дека економските санкции се против принципите на Г20 и против меѓународното право...

Самитот на Г20 во духот на економијата и кризата во Украина. Британскиот Премиер на прес конференцијата во Бризбејн ја предупреди Русија дека нејзините акции во источна Украина се неприфатливи и би можеле да резултираат со дополнителни санкции од ЕУ и САД.

„Ако Русија преземе позитивни чекори во врска со Укарина, тогаш би можеле сегашните санкции да ги укинеме. Доколку работите станат уште полоши, тогаш санкциите ќе се зголемат. Едноставно е“, изјави Дејвид Камедрон, премиер на Велика Британија.

Рускиот Претседател Путин изјави дека економските санкции се против принципите на Г20 и против меѓународното право. Замрзнување сметки, забрани за патувања и блокади на руски компании за пристап на западни финансиски пазари може да направат само ОН.

На истокот на Украина состојбата и натаму иста. Најмалку две жени загинаа од гранати на украинската војска.