Одбојкарите ја отвораат спортската 2014

30.12.2013 11:59

Низ вратата на спортската 2014 година прва ќе зачекори одбојкарската репрезентација на Македонија. Од 3-5 јануари во Ниш македонската селекција ќе игра на завршниот турнир од квалификациите за Светското првенство.

Десетина денови нашите најдобри одбојкари се подготвуваа во Пробиштип. Одиграа три контролни натпревари против Габрово, водечката екипа во првенството на Бугарија. Во сите мечеви Македонија победи без загубен сет.

„Подготовките течат во најдобар ред. Ја креваме формата, од ден на ден игравме се подобро. Во екипата на Габрово имавме добар спаринг-партнер. Во овој период беше тешко да се обезбедат контролни натпревари против посилни репрезентации.“-вели македонскиот селектор Жарко Ристоски.

Македонија во Ниш ќе игра против репрезентациите на Србија, Португалија и Словенија. Само победникот ќе обезбеди учество на Мундијалот. Група во која Србија е со најголеми шанси, смета Ристоски:

„Мораме да бидеме објективни каде е нашето место во ваква група. Србија е главниот фаворит за пат на светското првенсво во Полска. Тоа е одбојкарска велесила, неодамна  го освои бронзениот медал на Европското првенство. Португалија и Словенија се чести учесници на големите натпреварувања. Во досегашните меѓусебни соочувања со овие репрезентации Македонија нема ниту една победа, дури и ниту еден освоен сет! Сепак во Ниш нема да излеземе на мегдан со кренато бело знаме. Напротив ќе дадеме се од себе да оставиме што подобар впечаток.“

Македонската репрезентација завршните тренинзи ќе ги направи во Скопје, а на втори јануари ќе отпатува во Ниш. Распоредот на натпреварите е следниов:

3 јануари: Македонија – Србија

4 јануари: Македонија – Португалија

5 јануари: Македонија - Словенија