Градот Скопје е подготвен за расчистување на снегот од градските улици
Од утре стапува во сила законската одредба за задолжителна зимска опрема...

Градот скопје е целосно подготвен за новата зимска сезона. Надлежните служби опремени со сол и со песок, потребни за интервенција при ниски температури. Од утре стапува во сила законската одредба за задолжителна зимска опрема.
„Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“. Што се однесува до потребните возила за расчистување на снегот зимската служба ќе ги користи возилата на ЈП „Улици и патишта“, како и возилата што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел“, изјави денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски додаде дека од оваа зима, новина во одржувањето на градските улици ќе биде апликацијата на средството Калциуммагнезиумацетат (KMA) за да се намали загадувањето на амбиентниот воздух од ПМ10 честичките.
