Пругата кобна за уште двајца мигранти
Според полицијата жртвите во кои еден час по полноќ удрул товарен воз се браќа од Сирија. Зачестените железнички несреќи се потврда за зголемениот број на мигранти кои од Грција преку Македонија имаат желба за заминат на Запад. Проблемот е глобален, вели министерката Јанкуловска посочувајки дека само со координирани заеднички акции може да се делува за спречување на илегалните преминување на границата и движењето по пругата долж Коридорот 10...

Леб, мобилен телефон и една ракавица, ова е останато на пругата во Велес каде товарен воз удрил во двајца пешаци. Полицијата преку соопштение информира дека станува збор за сириски државјани.
Патот кон саканиот Запад за двајцата браќа од Сирија завршува тука пред самиот влез во Велес на железничката пруга Гевгелија - Скопје.
Граѓаните кои живеат покрај пругата раскажуваат за дирекните средби со мигрантите.
„Јас ги гледам и кога одам на работа надоле ги гледа, нон стоп, има минат, сега незнам периодично некогаш и денски но повеќе се навечер“, вели очевидец.
Машиновозачите говорат за честени средби со лица кои се движат по пругите.
„Јас им свирев не реагираат како да не слушаат и веќе доближив до нив и слушнаа ли се разбудија ли кога се распрчкаа за среќа избегаа“, вели Ристо Пејковси, машиновозач.
За социолозите, зачестените несреќи се психички стрес за луѓето кои се зад волонот на патничките или товарните возови.
„Машиновозачите, секако се наоѓааат во една тешка психолошка состојба, претрпуваат трауми кои влијаат на нивното здравје и јас непосакувам да сум на местото на машиновозачите“, рече Љубе Лучков, социолог.
За 14 дена ова е петта железничка несреќа во која жртви се мигранти, кои од Грција преку Македонија го бараат патот за подобар живот. Јужниот сосед евидентирал 150 илјади мигранти, но во реалноста бројката била неколку пати поголема. Дека Македонија превзема сериозни мерки за справување со овој проблем доказ се поднесените кривични пријави на лицата кои превезуваат или организираат превоз на мигранти, вели Јанкуловска, потенцирајки дека ова е глобален проблем на европските земји. За надминување на проблемот, министерката Јанкуловска вели неопходно е преку ФРОНТЕКС спроведување на заеднички активности.
Дијана Иванова
