Светскиот ден на дијабетисот одбележан со мотото „Здрава исхрана и дијабетесот“

14.11.2014 16:32

Денеска е Светски ден на дијабетесот. Здравствен дом - Скопје го одбележа овој ден со бесплатни превентивни прегледи на пункт на којшто се мереа крвен притисок, телесната тежина и шеќерот во крвта. Годинешното мото е “Здрава исхрана и дијабетисот”.

Од случаен преглед до итна помош. Средовечна жена заврши во болница откако лекарите и измерија пет пати повеќе шеќер во крв од дозволеното. Ургентно ги повикаа колегите. Нашата соговорничка потресена од дијагнозата.

„Кај мене се јави многу висок шеќер -33, тоа е веќе ногу високо, нормален е од 3,5 до 6,5, па сега чекам брза помош“, вели анкетираната жена.

Лекарите велат дека е најважно да се подигне свеста за оваа болест бидејќи 80% од граѓаните можат сами да ја контролираат. На пунктот поставен на плоштадот Македонија, граѓаните чекаа ред за да го провератшеќерот во крвта.

„Дојдов само шеќерот да го проверам, 6,2 но сум јадела многу благо.“

„Да видам како е, одам на контроли.“

„Да проверам шеќер во крвта“, велат анкетираните граѓани.

Покрај генетската предиспозиција, за дијабетесот големо влијание има физичката неактивност, исхраната и стресот. Задолжително е редовното мерење, велат лекарите.

„Досега 1.373 гаѓани пристапиле на нашите пунктови денеска за одбележување на овој ден, до овој момент 250 граѓани дишле на овој пункт за да се проверат“, рече Татјана баевска Вучковиќ, директор на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

„Многу опасна болест бидејќи има многу голема смрност. Прва причина за слепило во светот е диајбетисот“, рече д-р Аврам Ванковски, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

336 милиони луѓе во светот се борат со шеќерната болест.

 

Александра Перевска