Светскиот економски раст и украинската криза во фокусот на лидерите на Г-20

14.11.2014 16:37

Во Бризбејн светските лидери пристигнуваат на самитот на 20-те најразвиени економии во светот. Градот е под полициска опсада, повеќе од 6.000 припадници на силите за безбедност се грижат за редот, полициски хеликоптери го надлетуваат австралиското небо. Премиерот Тони Абот забрани поставување билборди за климатските промени. На Самитот нема да се расправа за климата.

Поттикнувањето на светскиот економски раст  и ескалацијата во Украина, се на врвот на агендата на дводневниот Самитот на Г-20 во Бризбејн кој се одржува викендов. Лидерите на најголемите економии ќе имаат тешка задача да ги усогласат ставовите, велат аналитичарите. Рускиот претседател Путин по обвинувањата од британскиот Премиер Камерон за насилтво кон помалите држави, и наводното трупање руски сили на теиторијата на Украина, е дочекан студено и од австралискиот домаќин Абот.  

„Се уште се надевам дека Русите ќе разберат дека Русија треба да се развива како независна и слободна земја, и дека таа самата треба да направи избор. Ако Русија преземе позитивни чекори во врска со Украина, тогаш би можеле да ги укинеме сегашните санкции. Доколку работите се влошуваат, тогаш санкциите ќе се зголемат“, рече Дејвид Камерон, премиер на Велика Британија.

Наспроти британските обвинувања, непосредно пред пристигнувањето Рускиот Претседател Путин, изјави дека економските санкции на Западот се косат со принципите на Г20 и се надвор од меѓународното право. Замрзнувањето сметки, забраните за патувања и ембаргото за руските компании кон меѓународните финансиски пазари можат да ги спроведат единствено ОН, вели Путин,  Кој треба да оствари одвоени средби со  францускиот претседател Оланд, и германската канцеларка Меркел.

Марија Петковска