Умерен економски раст на македонската економија

14.11.2014 18:07

Инфлацијата в година е проектирана на нула проценти, во 2015-тата на еден, а во 2016-тата стапката ќе се движи околу 2 насто. Банкарскиот систем останува стабилен, високо адекватен и ликвиден. Кредитниот раст солиден, со 9,4 насто во септември ги надминал очекувањата на Народната банка. Гувернерот очекува тенденцијата на раст да продолжи..

Умерен економски раст поттикнат од извозот, странските инвестиции, државниот инвестициски циклус и домашната побарувачка. Годинава проценката e непроменета, 3, 7%,  наредната ревидирана од 4,4  на 4,1, во 2016-тата се очекува да достигне 4,5 насто. Народната банкае претпазлива поради неповолното надворешно опкружување.

„Направивме одредени поместувања коишто најголем дел произлегуваат од надворешното опкружување. Имаме во ЕУ ревизија на растот надолу и оваа година и наредните години, исто така оставрувањето на инфлацијата во најголем дел од развиените земји е далеку под она што претходно се очекуваше и далеку под нивните таргетирани нивоа од 2 проценти“, рече Димитар Богов, гувернер на НБМ.

Инфлацијата в година е проектирана на нула проценти, во 2015-тата на еден, а во 2016-тата стапката ќе се движи околу 2 насто. Банкарскиот систем останува стабилен, високо адекватен и ликвиден. Кредитниот раст солиден, со 9,4 насто во септември ги надминал очекувањата на Народната банка. Гувернерот очекува тенденцијата на раст да продолжи.

Колку финансиски средства ќе бидат потребни за да се сервизираат обврските во текот на следната 2015 година?

„Следната година достасуваат обврски од некаде околу 350 милиони евра за отплата на надворешен јавен долг и тие веќе се обезбедени во девизните резерви и во буџетот на Владата, така што нивната отплата веќе е предвидена и воопшто не треба да предизвика турболенции“, одговори Богов.

Инфлацијата е надолно ревидирана на нула, поради екстерните фактори , пад на цената на храната и енергијата. Во 2015-тата ќе биде околу еден процент, а нејзино стабилизирање со проекција од околу два насто се очекува во 2016-тата– стои во последната ревизија на макроекономските проекции на Народната банка.

Сузана Фиданска Стоевска