Бакрачески: Приоритет е нормалното функционирање на наставата во ОУ „Григор Прличев“
Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, за ваквите состојби ја обвини поранешната локална власт која ја задолжила општината и јавните претпријатија со околу 50 милиони евра. Поради настанатите проблеми Бакрачески ја одложи посетата на Кина...

Основното училиште „Григор Прличев“ и спортската сала во Охрид веќе трет ден се исклучени од електричната енергија. Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, за ваквите состојби ја обвини поранешната локална власт која ја задолжила општината и јавните претпријатија со околу 50 милиони евра. Поради настанатите проблеми Бакрачески ја одложи посетата на Кина.
„За мене секогаш потребите и проблемите на граѓаните се на прво место. Секогаш кога носам одлуки ги носам според приоритет. Во овој момент приоритет на градот Охрид е воспоставување на нормално функционирање на наставата во основното училиште „Григор Прличев“ и се додека овој проблем постои јас нема да патувам подалеку од Македонија“, рече Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
