Петгодишно девојче и неговата мајка загинаа во гранатирањата во Украина
14.11.2014 19:25
500 набљудувачи од ОБСЕ ќе бидат распоредени во Доњецкиот и Луганскиот регион за следење на сотојбата...

Додека во Бризибејн вниманието е свртено кон изнаоѓање на решение на украинската криза, во земјата продолжуваат судирите. Петгодишно девојче и неговата мајка загинаа во гранатирањето меѓу украинските сили и проруските спаратисти.
500 набљудувачи од ОБСЕ ќе бидат распоредени во Доњецкиот и Луганскиот регион за следење на сотојбата. Според податоците на ОН од почетокот на конфликтот загинаа повеќе од 4.000 цивили, а над 9.000 се ранети.
