Фудбал

Словачка, мотив и императив!

15.11.2014 12:18

Има ли овој нов наш репрезентативен бран капацитет вечерва да ги надјача фаворизираните Словаци?

Словачка е новата, висока бариера  испречена пред македонската репрезентација на патот за Франција 2016-та.Мора да се надмине за да се фати приклучок со „четворката“ која е во трката за првите три места во групата.Македонија во моментов против себе има можеби не најсилен, но сигурно најнепријатен можен состав .Кквалитетен и исклучително мотивиран. Словачка е лидер во групата со три победи во првите три кола, фантастичната  над Шпанија и над Украина и Белорусија како гостин!

Тоа е непроценлив бодовен капитал. Словаците сигурно ќе направат се уште вечерва во Скопје, сонот на нацијата  за прво учество на Европското првенство да стане реалност.Свесен е селекторот Бошко Ѓуровски за деликатноста на моментот..Потребен му е резултатски подвиг и така го подготвува тимот. Вчера застана зад интегритетот на националниот тим, со нулта толеранција за оние кои со непримерно однесување го нарушуваат. По цена  на Словачка да  и се спротистави и во нецелосен состав.

Реална ли е поставената цел на нашиот селектор, за најмалку два гола во мрежата на Словачка, како гарант за добар резултат.Ретко Македонија во официјалните натпревари постигнувала два и повеќе голови во Скопје. Неодамна против Луксембург даде 3, лани против Велс два. И само уште два пати во последните пет години против Ерменија и  против Исланд...Во шесте меѓусебни дуели Словачката мрежа, никогаш досега два пати не се тресела.

Македонија нема и ниту една победничка радост! Непријатно, но тоа е само статистика! Има ли овој нов наш репрезентативен бран капацитет вечерва да ги надјача фаворизираните Словаци? Да го смени текот на историјата на меѓусебните дуели и да остане на колосекот кој води во Франција!Одговорот следи во 20 часот и 45 минути на Филип Втори Арената.