Продолжуваат контролите низ угостителските објекти- изречени казни во повеќе градови

15.11.2014 13:35

Синоќа извршени се контроли на 23 објекти на подрачјето на Неготино, Демир Капија и Кавадарци...

МВР во соработка со пазарната инспекција и УЈП изминатава недела спроведе серија контроли низ угостителски објекти низ целата територија на Република Македонија. Синоќа извршени се контроли на 23 објекти на подрачјето на Неготино, Демир Капија и Кавадарци, а изречени се 3 глоби на физички лица и 1 глоба на правно лице поради прекршување на Законот за заштита од пушење.

Претходно, во средата вечер се контролирани 29 угостителски објекти, и тоа во Охрид, Берово и околината и општина Илинден. Во Охрид е изречен по еден прекршок за правни и физичко лице според Законот за заштита од пушење, а затворен е еден објект од страна на УЈП.

Во Скопје затворени се три објекти од страна на УЈП и пазарната инспекција поради соодветни прекршоци, а исто така се изречени 4 казни поради пушење во затворен објект.

При контролата во Струмица, констатирани се два прекршоци за физички лица и еден за правно од Законот за пушење, а во два објекти констатирани се прекршоци од страна на УЈП.