МРТ по патот на мигрантите: Заглавуваат на македонските пруги барајќи подобар живот

15.11.2014 17:03

Реки од бегалци од воениот ужас на Блискиот Исток во потрага по подобар живот некаде на запад ја крстосуваат и нашава земја. За жал повеќемина не успеаја да и избегаат на смртта. Во изминатите денови беа прегазени од возовите бидејќи пругите ги користат како компас за движење во нивното бегство до слобода. Нашиот ноќен репортер тргна по коридорот север- југ, најчестата делница по која може да се сретнат мигрантите...

Дваесет часа по последната несреќа во која животот го загубија двајца брајќа од Сирија, МРТ покрај железничката пруга. На локациите кои велешани ги посочуваат како дел од мигранската патека.

„Приказната ќе ви остане празна“, вели чичко Коце, човек кој честопати се погледнал лице во лице со многубројните црномурести патници.

„Ништо не бараат, поминуваат и влегуваат во продавницата, купуваат леб, вода, млеко, се што им требас и заминуваат“, вели чичко Коце.

Времето одминува, а патот покрај пругата останува празен. МРТ во потрага на информација повеќе кај жителите од населбата Шорка.

„Некои одат со дечиња, некои одат без деца. Пред два дена видов према Скопје по улица се враќаат назад кон градот. А каде отидоа незнам“, рече Божидар Ангелевски.

Од другата старна на пругата е Железничката станица во Велес. И тука нема значи за можни мигранти. Чекајки го возот разговараме со патниците.

„Јас не сум видел никогаш ама не се возам и редовно“.

„Од кај ги познавам кој се мигранти кој не се, седни си од кај знам кој е“, велат анкетираните патници.

Мигрантите се плашат да одат по пругата, велат таксистите. За превоз до Куманово нуделе и по 300 евра, но за ова пред камера несакаат да зборуваат.

„Вчера разговарав со еден од тие дечки, вика ако не учествуваш во таа нивна војна меѓусебна која се вод, вика ти сечат раце, убиваат“, вели за МРТ Јане Атанасовски, такси возач.

По нелегални премини од кај јужниот сосед мигрантите влегуваат во Македонија. Според информациите кои доаѓаат од Грција, земјата има евидентирано 150 илјади мигранти, но ова не била реалната бројка.

Колку мигранти ја поминале Македонија засега не се знае, но затоа се собираат бројките на откриените. 160 мигранти е најголемата откриена група мигранти. Полицијата ја откри на први септември, на железничката станица во Велес.

Бегалската сага е тешка. Подобро утре, за некој завршува на среде пат. За петнаесетина дена шестмина воздрасни мигранти и едно бебе ги оставија своите животи на пругата Гевгелија - Скопје.

 

Дијана  Иванова