И покрај високите казни, не се почитува Законот за забрана на пушењето
Инспекторите од УЈП во придружба на МВР крстосуваат низ Македонија. Затворија четити угостителски објекти. Глоба заработија газдите на кафулиња од Кавадарци и Струмица кои дозволиле гостите да го прекршат законот...

Надлежните ноќеска направиле 23 контроли. Проверувале колку се почитува Законот за пушење. Биле изречени 4 глоби.
Неготино, Кавадраци, Скопје, Охрид, Струмица, во угостителските објекти направени се 60 контроливо минатата недела. Четри локали се затворени. Казни се пишувале и за гостите и за угостителите. И покрај засилените контроли, граѓаните со поделени ставови за примената на законотдонесен пред 5 години.
„Се почитува Законот за пушење. Се пуши на терасите, но таму е дозволено.“
„Се пуши, сум видел дека се пуши.“
„Мислам дека се почитува, барем во Скопје. Во другите места не се почитува толку. Во помалите градови кога одам после 4 часот се пуши“, велат анкетираните граѓани.
На оние што кафе без цигара не им оди, си знаат кај им е местото, во делот за пушачи. Иако на почеток љубителите на цигарите имале отпор, веќе се навикнале, велат угостителите. 100 евра ќе платат оние што ќе бидат фатени со цигара во рака.
„Ние сме сериозен локал ние ги одвоивме нашите гости, За пушачите направивме посебен простор за пушење, а не пушачите се внатре, како што всушност и е предвидено со Законот за пушење“, изјави Александар Трајковски, шеф во ресторан.
Пред една недела Управата за јавни приходи и пазарната инспекција, под силно полициско обезбедување ги чешлаше локалите во Сарај, Тетово, Куманово,Чаир и Липково. Контролите ќе продолжат и во другите градови.
Сепак, пушачите во земјава имаат поевќе среќа од оние во Англија. Таму не само во ресторан и во кафуле, цигара не смее да се запали во авомобил ако имаат соптаник помлад од 18 години. Казните се движат од 1000 до 13.000 евра.
Наташа Јанчиќ
