Попоски реагира на текстовите на Героски: Нема да прифатиме промена на уставното име
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот, кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци...

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставното име, ниту идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и неговиот идентитет, засебноста на македонската нација, јазик и култура. Ова е ставот на шефот на дипломатијата Поповски, инфомрациите објавени во „Слободен печат“ и „Плус инфо“ ги смета за тенденциозни лаги, напади и манипулации.
„Г-дин Героски подвлекува извадок од документ кој бил наводно врачен од таен извор за да биде објавен во друг медиум, а извлекува од контекст реченица од интервју која била пренесена од трет медиум. Крајниот резултат е една безобзирна лага и манипулација која не соодветствува со реалноста и единствено цели кон омаловажување на позициите на Република Македонија кон ова стратешки битно прашање“, стои во демантот на министерот за надворешни работи Никола Поповски.
Вчера на порталот „Плус инфо“, Бранко Героски објави текст со наслов:
„Министерот Попоски како „добра основа за наоѓање решение“ го прогласи предлогот на Нимиц во кој народот се именува како „граѓани на Горна Република Македонија“
По ваквиот наслов сопственикот на порталот „Плус инфо“ Героски продолжува со три прашања – дали власта тајно преговара за промена на нашиот идентитет? Дали се спрема вистинско предавство? Дали паниката и бесот на пропагандистите на власта сведочи дека се фатени живи во валканата работа?
За ваквите тези во демантот на првиот човек на македонската дипломатија стои:
„Заложбата на г-дин Героски се разбира е крајно тенденциозно креирање на лажен впечаток за тоа кој и колку ги штити националните интереси. Второ, ставовите кои ги застапуваме во однос на овој наметнат спор се принципиелни и недвосмислени. Нема промена на Уставот, со цел промемна на уставното име на Република Македонија.“
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот, кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение - стои во демантот од првиот човек на македонската дипломатија.
Пред последната средба на медијаторот Нимиц со преговарачите Наумоовски и Василакис некои медиуми излегоа со тезите дека амбасадорот на маса ќе стави нов предлог.
Епилогот од средбата во Вашингтон ги дематираше. Но, за ваквите шпекулации аналитичарите уште еднаш повторија дека тие само и штетат на преговарачката позиција на Македонија во заштитата на националните интереси.
Виолета Димовска
