Г-20: Сите против Путин во Бризбејн!

15.11.2014 18:52

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека агресија на Русија во Украина е закана за целиот свет. Претседателот на Европскиот совет, Ромпуј најави нова средба на министрите за надворешни работи в понеделник поради непочитувањето на договорот од Минск. Украина била главна тема и на одвоените средби на Путин со францускиот претседател Оланд и британскиот премиер Камерон...

Економските проблеми во сенка на украинската криза и на самитот Г-20. Економскиот раст и борбата со еболата кои требаше да бидат на врвот на агендата на лидерите  на најмоќните економии на второ место  по дипломатскиот конфликт меѓу Русија и Западот.  Путин под притисокот и нападите од европските лидери најави  можност да го напушти Бризбејн. Германската канцеларка Меркел изјави дека Европската Унија размислува за дополнителни финансиски санкции за Москва поради нејзиното мешање во Украинската политика и наводното турпање руски тенкови и војска на Украинско тло.

„Состојбата во Украина е страшна и незадоволителна. Размислуваме на листата на санкции да ставиме уште една личност“, вели Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека агресија на Русија во Украина е закана за целиот свет. Претседателот на Европскиот совет, Ромпуј  најави нова средба на министрите за надворешни работи  в понеделник поради непочитувањето на договорот од Минск. Украина била главна тема и на одвоените средби на Путин со францускиот претседател Оланд и британскиот премиер Камерон. 

„Нашите ставови не се сопааѓат во целост но многу е важно да се одржуваат средби на кои ќе се разговара за светските проблеми. Наша должност е да направиме се за регулирање на светската криза, пред се во Украина“, изјави Франсоа Оланд претседател на Франција.

„Имавме многу турбуленции во односите Русија Франција, но нашите релации секогаш беа ефективни. Се надевам дека ќе ги минимализираме проблемите  кои ги имаме“, нагласи Владимир Путин, претседател на Русија.

Домаќинот Тони Абот побара светските лидери да го поддржат со дополнителни два билиони долари бруто домашниот производ, и се заложи за слободна трговија и повеќе инвестирање во инфраструктурата. 

Тоа се милиони работни места и билиони долари дополнително производство, ние сакаме слободна трговија и тоа ќе го оствариме. Потребна ни е подобра инфраструктура и тоа ќе го изградиме“, изјави премиерот на Австралија, Тони Абот.

За време на самитот во Бризбејн неколку стотици граѓани протестираа поради криматските промени, состојбата во Украина и состојбата на Абориџаните. За безбедноста на светските лидери се грижат повеќе од 6.000 полицајци.

 

Марија Петковска