„Брако“ го произведе првиот камион во Македонија
Производството – резултат на заедничко партнерство со италијанската компанија Биострада...

Во велешки „Брако“ произведен првиот камион за хигиена на градски улици. Првите произведени возила ќе завршат на пазарите во Катар и Италија.
Производството – резултат на заедничко партнерство со италијанската компанија Биострада.
„Брако“ веќе неколку години работи на производство на ова возило, но за потребите на нашиот партнер, италијанската компанија „Биострада“, соработка започната во 2011 година. По стекнатото искуство во производство на составните делови, отидовме и чекор понатаму со целосно производство на првиот македонски камион. Со ова Брако отвора ново поглавје во сопственото производно портфолио, а воедно отвора и нови перспективи за конкурентноста на македонското производство на странските пазари“, изјави Кочо Анѓушев, претседателот на Бордот на Директори.
Возилото има висок капацитет со можност да исчисти над 70.000 м2 на час и обезбедува напредни еколошки перформанси. Користи вакумски систем за собирање на отпадот базиран на метли што ја собираат и ја насочуваат нечистотијата кон централниот дел на машината.
