Едно лице загина, едно повредено во сообраќајката на патниот правец Охрид-Кичево

15.11.2014 19:15

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила со охридски регистарски таблички...

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообрќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочани.
 
Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид. 
 
На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено забранет.