Скијање

Првиот слалом за Кристоферсен

16.11.2014 16:13

6-те стотинки предност по првата трка се покажаа недоволни за победникот во првиот натпревар во сезоната- велеслаломот во Зелден...

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на слаломот што денеска во рамките на светскиот куп во алпско скијање се возеше на патеката во Леви Финска.

6-те стотинки предност по првата трка се покажаа недоволни за победникот во првиот натпревар во сезоната- велеслаломот во Зелден, Марсел Хиршер кој мораше да се задоволи со второто место во Леви, додека третото го освои Феликс Нојројтер од Германија.

Светкиот куп ќе продолжи на крајот на месецов со натпреварите во канадски Лејк Луис.