Кошарка НБА

Антиќ скокна во Кливленд

16.11.2014 16:14

Во ноќта што безмалку комплетно им припадна на домашните екипи само Индијана славеше на гости во Чикаго со 99-90,додека на другите средби домаќините беа сигурни...

5 минути со еден скок и без поени на паркетот во Кливленд мина Перо Антиќ во дресот на Атланта во поразот од Кливленд со 127-94 во натпреварот во кој Леброн Џејмс во победничкиот состав запиша 32 поена. Во ноќта што безмалку комплетно им припадна на домашните екипи само Индијана славеше на гости во Чикаго со 99-90,додека на другите средби домаќините беа сигурни:

Портланд – Бруклин 97-87, Сакраменто – СанАнтонио 94-91, ГолденСтејт – Шарлот 112-87, ЛА клиперс – Феникс 120-107, , Далас – Минесота 131-117, Вашингтон – Орландо 98-93 и Торонто – Јута 111-93.