Фудбал
Зајков за победа
16.11.2014 16:16
Во пријателскиот натпревар што се одигра на теренот во комплексот на Куќата на фудбалот што од денеска го носи името „Петар Милошевски“...

Со голот на Ѓоко Зајков во 38-та минута,младата фудбалска репрезентација на Македонија ја победи соодветната селекција на Црна Гора со 1-0.
Во пријателскиот натпревар што се одигра на теренот во комплексот на Куќата на фудбалот што од денеска го носи името „Петар Милошевски“, нашите млади фудбалери имаа повеќе од играта,создадоа повеќе шанси и заслужено стигнаа до вториот триумф под водство на новиот селектор Благоја Милевски.
