Кристоферсен победнички во слаломот во Леви
За 20-годишниот Кристоферсен, којшто во февруари во Сочи со бронениот медал стана најмлад освојувач на олимписки трофеј, ова беше втор триумф во кариерата...

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен триумфираше на првиот слалом од новата сезона во Светскиот Куп во алпско скијање, којшто се одржа во финсиот зимски центар Леви.
Со феноменална втора трка без ниту една грешка низ вратите, минусот од шест стотинки зад Марсел Хиршер по првото возење тој го претвори во победничка разлика од 12 стотинки на крајот во однос на актуелниот освојувач на големиот кристален глобус. Австриецот беше најбрз во воведниот сезонски велеслалом минатиот месец на домашен снег во Зелден.
Двајцата беа далеку пред преостанатите конкуренти во најтехничката дисциплина, бидејќи во магливиот ден на северот на континентот, во арктичкиот круг, Германецот Фелик Нојројтер заостана дури секунда и 31 стотинка на третото место.
За 20-годишниот Кристоферсен, којшто во февруари во Сочи со бронениот медал стана најмлад освојувач на олимписки трофеј, ова беше втор триумф во кариерата. Со вкупно шеесеттиот пласман на пиедесталот досега, по две натпревбарувања сезонава Хиршер е на чело на генералниот пласман со 60 бода повеќе од Германецот Фриц Допфер.
За две недели, карванот во Светскиот Куп се сели преку Атлантикот. Скијачите ги очекуваат спуст и супервелеслалом во канадски Лејк Луис.
