Хуманитарна акција „Од дете за дете“ во Куманово

16.11.2014 16:24

„Oд дете за дете“ е пораката на хуманитарната акција спроведена во Куманово-децата од градинките односно нивните родители донираа облека, обувки, играчки и друго за децата од социјално загрозени семејства...

60-тина дечиња од социјално загрозените семејства од Куманово се израдуваа на облека , обувки и играчки донација од дечињата од градинката. Акцијата „Од дете за дете“ ја реалзира Министерството за труд и социјала со цел да се подигне хуманоста кај родителите и децата и да им се помогне на ранивите семејства.

„Ги опфативме децата кои потекнуваат од материјално загрозените семејства, оние кои се во згрижувачки семејства и останати кои се во социјален ризик. Акцијата е успешна со што опфативме поделиме гардероба и други предмети на 27 семејства или 60 деца“, изјави раководителот на Центарот за социјални работи Даниел Живачки. 

Акцијата за прибирање облека се одвиваше во шестте објекти на градинката Ангел Шајче при што од родителите биле собрани над 3.000 парчиња. Ваквите активности ќе станат пракса ,се собира нова помош која подоцна ќе биде предадена во центарот за социјални работи.

„На овој начин ги учиме децата да се грижат за другите деца , нивни врсници, да им подарат нешто од себе.На тој начин кај нив се подигнува чувството за помош и солидарност, затоа што сите деца немаат исти услови за раст и развој“, вели Лидија Николвска Георгиевска,педагог во градинка Ангел Шајче- Куманово.

Инаку Центарот за социјални работи Куманово е отворен за прибирање секаква помош од граѓаните која ќе им биде добредојдена на загрозените семејства.Во текот на изминатата година беа реалзирани над 10 тина хуманитарни акции со црвениот крст и други невладини организации.

 

Габриела Димковиќ