До 40% заштеда од обновливи извори на енергија

16.11.2014 16:34

Сонцето и ветровите, се обновливите извори на енергија кои што барем кај нас малку се користат, а може да донесат заштеда и до 40 проценти. Особено југоисточниот дел од Македонија изобилува со сончеви денови што е потврдено и со студијата за развој на овој регион. Дали јавно-приватното партнерство со соседите е вистинскиот одговор за искористување на овој вид енергија?

До четириесет проценти може да се намалат трошоците на институциите доколку користат  енергетски обновливи извори на енергија. Во Југоистокот на Македонија Сонцето е најголемиот извор кој е многу малку искоритен. Ова го покажува студијата на центарот за развој на југоисточниот плански регион, кој заедно со партнерите од југозападниот дел на Бугарија сакаат да помогнат за поголемо искористување на обновлививите извори пред се и преку јавно-приватно партнерство.

Ветерниот парк во Богданци е пример како може силата на веторот да создава струја за домаќинствата и општините, децидни се експертите. Тие сметаат дека државата треба да ја прошири досегашната стратегија за купување на електрична енергија од приватните инвеститорти.

Во Бугарија, општините веќе имаат готови проекти за искористување на обновливите извори и приклучување на јавните институции на оваа енергетска мрежа.

„Бугарските општини имаат готови работни проекти и биоенергетски фондови, зашто енергетската ефикасност ни било отсекогаш приоритет. Технологиите се развиваат исклучително брзо и затоа секогаш треба да има добри проекти“, вели Љубица Томова- експерт од Бугарија.

 

 

Катерина Давчева