Државно првенство на Шарпланинци

16.11.2014 14:40

Лојален и добродушен, Шарпланеинецот е најдобриот пријател и заштитник на оној што го чува и негува. Натпревар – чиј миленик е најдобар, традициоанлен по 16- ти пат се бира во државава...

Добродушни, лојални, дисциплинирани... Тоа се шарпланинците. Оваа овчарска раса на кучиња е со силна градба и густо влакно. Традиционално на државното првенство за Шарпланинци судиите пред се го оценуваат педигрето и претците на кучето.

Уште во 1939 година оваа раса е запишана во регистарот на меѓународниот кинолошки сојуз. За одгледувачите на Шарпланинците пресудна е љубовта кон миленикот, но за негова нега потребно е и многу труд. Милува да шета, но и во обемни количини да јаде – тврдат сопствениците на шарпланинци.

Тие велат дека верноста што шарпланинецот ја има кон својот сопственик е исклучителна само за оваа раса. Иако се верува дека потекнува од далечниот Тибет, името го добил по планината во чии услови се прилагодил и живее со векови – Шар Планина.

 

Лука Андреев