Самит на Г-20: Наместо приближување, поголема раздалеченост
Путин, прекршувајќи го протоколот, замина од Самитот пред објавувањето на завршното комунике на Групата 20 најразвиени земји. Во образложението наведе дека е потребно да се наспие...

Прашањата за економската криза и климатските промени, иако поставени како приоритетни на самиот во Бризбејн, беа фрлени во сенка поради кризата во Украина. Сепак решение за ова прашање не само што не се најде, туку нетрпеливоста меѓу западот и Русија се продлабочи. Американскиот претседател Барак Обама се закани со нови дополнителни санкции кон Русија, доколку не го почитува меѓународниот договор за прекин на огнот во Украина.
„Русија има можност да избере поинаков пат. За да се реши прашањето со Украина мора да го почитува нејзиниот суверенитетот и меѓународното право. Доколку го стори тоа јас ќе бидам првиот што ќе побара повлекување на санкциите“, рече претседателот Обама.
Рускиот претседател Владимир Путин иако жестоко критикуван од светските лидери не отстапи од своите ставови. Негирајќи дека руски војници со тешко вооружување се распоредени во Украина, изјави дека неправедно е критикуван за настани што не се под негова контрола.
„Санкциите им предизвикаат штета на сите. И на оние на кои им се изречени и на оние кои ги наметнуваат. Треба да разговараме што да се преземе за излез од ваквата ситуација“, рече рускиот претседатело Путин.
Путин, прекршувајќи го протоколот, замина од Самитот пред објавувањето на завршното комунике на Групата 20 најразвиени земји. Во образложението наведе дека е потребно да се наспие.
„Во понеделник сме на работа ќе имаме барем 4-5 часа да поспиеме. Нема друга причина. Сметам дека нашата работа е завршена и тоа успешно“, наведе Путин во образложението.
На самитот Г-20 се постигна договор за реформски мерки кои предвидуваат економски раст од 2,1 насто до 2018-та година. За поттикнување на инфраструктурата се одвоени 1,5 билиони евра.
Договор имаше и за борбата против климатските промени. За зелениот климатски фонд на Обединетите нации, САД одвојуваат 3 милијарди долари, а Германија и Јапонија по милијарда.
Лидерите договорија и заеднички вложувања за борбата против затајување даноци и корупцијата.
