Џихадистите обезглавија уште еден Американец

16.11.2014 17:03

Екстремистите прикажуваат и обезглавување на уште 15-мина, за кои тврдат дека се сириски војници...

Џихадистите обезглавија уште еден Американец – Питер Касиг, хуманитарец и ветеран на американската војска. Погубен е, иако за време на заточеништвото премина во Ислам и го зеде името Абдул Рахман.

Екстремистите прикажуваат и обезглавување на уште 15-мина, за кои тврдат дека се сириски војници.

Наводно, во воздушен напад во Ирак ранет е „Џихад Џон“ од групата британски екстремисти одговорни за обезглавувањата.

Претседателот на САД, Обама изјави дека не би сакал, но би наредил праќање копнени трупи, теоретски, ако ИДИЛ се здобијат со нуклеарно оружје.