Молк и пред утрешната координација!

16.11.2014 17:14

Освен техничките детали околу процедурата, никој не сака да говори за позициите со кои ќе оди на редовната средба кај собранискиот спикер. Одземање на мандатите, констатирање на оставките или продолжение на сегашната пат позиција- ова се можните варијанти, за кои парламентарните партии не откриваат каков ќе биде нивниот став.

Тивко и тензично и во опозициската СДСМ. Пратениците, иако очекуваа пред утрешната координација да имаат средба со раководство, ќе мора да причекаат партискиот лидер и генералниот секретар да се вратат од Швајцарија.

Времето за одлука наближува. Ваквата ситуација, велат не може уште долго да трае.

Во медиумска тишина помина и дводневната посета на шефот на директоратот за Западен Балкен, Едвард Ауер. Од средбите со партиските претставници само соопштенија и фотографии, без покани за медиумите. Последни во агендата на првиот  човек на директоратот на Советот на ЕУ беа трите независни пратенички.

Нашиот потег, велат за МТВ, беше оценет, како вистински сенс во актуелниот  политички момемнт. Ова уште еднаш ја потврди европската позиција во однос на бојкотот на Законодавниот дом.

Во недостиг на дополнителни информации од утрешната средба се очекува листата со имиња на пратениците што се повеќе од 6 месеци неоправдано отсутни да ја добие Николовски првиот човек на Комисијата за деловнички прашањата по што во  рок од 15 дена Комисијата треба да достави предлог дали одземањето на мандатите  е решението за актуелната ситуација.

31 пратеник во изминативе 6 месеци земаа цела пратеничка плата. Деловникот, вели за неоправдано отсуство се одбива по 5 % за секој ден, а доколку отсуството се води како бојкот тогаш имаат право на една третина од платата. Дали Комисијата за избори  ќе заземе став и за ова прашање засега е неодговорено прашање.

 

Виолета Димовска