Поголема ефикасност и заштеди со новата опрема на Клиниката за детски болести

16.11.2014 17:27

Вирозите и бактериските инфекции ја наполнија Клиниката за детски болести. Само ноќеска околу 100 – тина дечиња биле прегледани од дежурната служба...

Според директорката Аспазија Софијанова се очекува гужвата да се намали со отворањето на новиот објект на Клиниката за белодробни заболувања каде ќе бидат препратени дел од пациентите.

Таа денеска информираше дека со новиот биохемиски анализатор се направени 90.000 илјади анализи. Тоа овозможило побрзо добивање  резултати и навремено лекување на децата.

Новиот апарат е со капацитет од 800 анализи на час, а на клиниката се прават 1.200 дневно.

Обезбеден е преку тендерот на Министерството за набавка на апарати преку реагенси.

Според министерот  Тодоров, Клиниката има огромни заштеди, бидејќи обврската за одржување ја имаат понудувачите кои биле избрани на тендерот.  

Досега осум здравствени установи добиле ваква опрема, а најавите се дека сите институции ќе имаат ваква апаратура. 

 

Викторија Тодоровска