Брзината е безмилосен убиец: Верските заедници се вклучија во апелите за совесност во сообраќајот
Годинава 110 лица го загубиле животот на патиштата низ државата. Превенцијата e неопходна да се стави крај на фаталните последици од сообраќaјни несреќи...

Животот е еден без оглед на кој бог се молиме. Загубата и болката се подеднакви. Во апелот за безбедност во сообраќајотсе вклучија и верските зедници во земјaва. Единствeни се во ставот дека вниманието кон другите е внимание кон самите себе, и само така ќе ја исполниме својата должност кон бога.
„Треба постојано да ги почитуваме законите и прописите поврзани со користење на превозните средства“, вели Драги Костадиновски, МПЦ.
„Пред на некој да му предизвикаш болка, размисли добро како ќе го управуваш своето возило. Не се брзајте, бидејќи брзината во сообраќајот е безмилосен убиец“, рече Ефенди Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.
„Да не возат доколку се под дејство на алкохол, доколку планират вечерта да прославуваат- да ги остават клучевите, да се избегнува користењето на мобилните телефони, бидејќи сето тоа може да доведе до несакани последици“, вели Бојан Сапунов, Еврејска заедница.
„Во мигот кога влегуваме во автомобилот, само во тој миг треба да се потсетиме на љубовта кон најближните. Во тој миг, мислејќи на нив мислиме на сите учесници во сообраќајот“, нагласува Валентина Божиновска, директорка на Комисја за весрки заедници.
Годинава 110 лица го загубиле животот на патиштата низ државата. Превенцијата e неопходна да се стави крај на фаталните последици од сообраќaјни несреќи.
„За десет месеци годинава, во споредба со истиот период лани за 30 проценти е намален бројот на загинати во сообраќајки“, изјави Дејана Недељковиќ, МВР.
Надлежните децидни, нема толеранција за никого што не ги почитува сообраќајните правиула и прописи.
Кампањата „Почитувај ги правилата , почитувај го животот“ веќе ги дава резултатите.
По набљудувани 10-ци илјади возила за користење сигурносни ремени, предводник на листата на совесни е Демир Капија, а на дното се наоѓа Кичево.
Наташа Јанчиќ
