Паланечкиот компир ќе се брендира!
Со посебни налапници ќе се гарантира квалитетот на домашниот и на странските пазари. Земјоделците го зголемуваат производството. Бараат поорганизиран пласман...

Ќе се заштитува паланечкиот компир. Земјоделците ги очекуваат законските измени кои ќе овозможат како бренд да се продава на домашниот и на странскиот пазар.
Посебните налепници ќе бидат гаранција дека потрошувачите јадат квалитетно, вели Насе Величковски од паланечкото село Калин Камен. Произведува по 30 тони компир на надморска височина од 1.400 метри. Планира да го зголеми производството.
„Немаме доволно површини за да правиме секоја трета година ротација на земјиштето, затоа имаме помало производство. Доколку се средат условите со земјиштето, секако ќе се вратиме на поголемо производство“, вели претседателот на здружението „Паланечки компир“, Насе Величковски.
Производителите на компир годинава произведоа повеќе меркантилен компир. Климатските промени и обилните врнежи овозможија поголемо производство.
Интерес има, но недостига организиран пласман, вели овој производител.
„Ако има посебна амбалажа и налепница како што е договорено, ќе бидеме многу подобри“, вели Величковски.
Во последните години површините засадени со компир значително се зголемуваат . Компирот се продава по цена конкурентна на македонскиот пазар.
Покрај конзумниот, на падините на Oсоговските планини, кај месноста Калин Камен, неколку години наназад се произведува семенски компир од сортите Агрија, Јерла и Дезиро, како и норвешките сорти Пеик, Лаило и Трол.
Дијана Ценевска
