Паника и во Москва
Паника во Москва по последниот бомбашки напад што се случи изутрината во Волгоград. Пронајден бил сомнителен пакет на Црвениот плоштад во руската престолнина, по што била евакуирана целата област и биле поставени полициски кордони. Откако било утврдено дека сомнителната торба ја оставила ментално болна жена, плоштадот бил повторно отворен. Официјални лица од руската железница ги советувале патниците да доаѓаат на станиците значително порано поради безбедносните проверки што ќе се спроведуваат.
Паника во Москва по последниот бомбашки напад што се случи изутрината во Волгоград. Пронајден бил сомнителен пакет на Црвениот плоштад во руската престолнина, по што била евакуирана целата област и биле поставени полициски кордони. Откако било утврдено дека сомнителната торба ја оставила ментално болна жена, плоштадот бил повторно отворен. Официјални лица од руската железница ги советувале патниците да доаѓаат на станиците значително порано поради безбедносните проверки што ќе се спроведуваат. Паничната состојба дополнително ја отежнуваат и лажните информации за поставени бомби што кружат на службените мрежи.
Според извештаите, по последниот напад изутрината во кој загинаа 15 лица, сообраќајот во Волгоград е во целосен колапс. Граѓаните одбиваат да користат градски превоз, а дел од претпријатијата праќаат сопствен превоз по вработените.
„Слушнав громогласен звук, а набргу потоа луѓето почнаа да врескаат. Кога се доближив, видов што навистина се случило“,изјави сведок.
„Првин не можев да сфатам што се случило. Се облеков, излегов надвор и почнав да им помагам на луѓето. Ги качувавме повредените во автомобилите што минуваа за да ги однесат до болница“.
Во Волгоградската област е прогласен висок степен на опасност од тероризам. Исто така, прогласена е и тридневна жалост поради вчерашниот напад што го изврши жена-самоубиец во кој загинаа 17 лица. Жените-самоубијци, од коишто повеќето се вдовици или сестри на бунтовниците извеле повеќе напади низ земјата и се познати како „Црни вдовици“.
Марина Автовска
