Јавна расправа за користењето на ИПА 2

17.11.2014 09:01

Расправата, како што е најавено ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски...

Перспективите и можностите за искористување на ИПА 2 е тема на денешната јавна расправа организирана од собраниската Комисија за европски прашања. 
 
Расправата, како што е најавено ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. 
 
Во Собранието денеска јавна расправа ќе се одржи и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Тема на јавната расправа е „Работната верзија на Предлогот на закон за општа управна постапка“.
 
Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика која ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија и двата во второ читање