Детски приредби во Дојран и Струмица
Југоистокот на Македонија со предновогодишни забави. Синоќа, градскиот плоштад во Струмица се спои со ѕвезденото небо. Околу две илјади ученици од основните училишта со венчиња на глава и ангелски глас ги испееја познатите божиќни рефрени „Тивка ноќ“ и „Џингл бел“, а им помогна и хорот на струмичката гимназија.
Весело беше и во Дојран. Таму се одржа првиот божиќен концерт кој треба да стане традиција во македонскиот медитеран. Во духот на празниците блесна Стар Дојран, а забавата ја загреаа новогодишно-божиќната атмосфера.

Највесели беа најмладите кои добија новогодишни пакетчиња од нивниот омилен Дедо Мраз.
Катерина Давчева